Google овозможи на гласовниот асистент, покрај женскиот глас да може да се користи и машки глас.

На поставките на Google можете да го изберете Voice II, односно машкиот глас кој подоцна ќе ви помога во управувањето на оперативниот систем, Андроид уредите, паметните звучници и слично.

Досега сите технолошки компании имаа опција само за женски глас кај гласовните асистенти. Apple ја има популарната Siri, гласот на Cortana на Microsoft е на познатата актерка Џен Тејлор, а Amazon ја има асистентката Alexa.

Меѓутоа, со надградбата на оперативниот систем 7.12, Google одлучи да направи мала промена и да им овозможи на корисниците да можат да изберат помеѓу машки и женски глас. Овие гласовни асистенти немаат имиња како Siri, Alexa или Cortana, туку едноставно за женски глас потребно е да селектирате Voice I, а за машки глас Voice II.

Гласовниот асистент на Google од половината на оваа година стана достапен и на iOS оперативниот систем на Apple. На почетокот можеа да го користат само корисниците на Google Pixel паметните телефони, но со текот на времето се прошири и на другите уреди.

Извор: Klix.ba