Интернационален тим на истражувачи откри екстремно уникатен планетарен систем, каде еден топол гасовит џин орбитира околу ѕвезда со неверојатно голема брзина на ротација околу својата оска.

Уметничка претстава за гасовит џин оддалечен од својата ѕвезда. Заслуги: NASA/JPL-Caltech

Има неколку чудни работи за ѕвездата наречена HIP 65426 и нејзината планета HIP 65426b. Ѕвездата е два пати помасивна од Сонцето и би требало да формира помасивни планети од HIP 65426b, која е само од 6-12 пати поголема од Јупитер. Исто така таа се наоѓа подалеку од очекуваното – 100 пати повеќе од растојанието меѓу Земјата и Сонцето. Ѕвездата ротира околу својата оска 150 пати побрзо од Сонцето и иако е стара само 14 милиони години, нема диск од прав околу себе.

Очекувано е толку млад планетарен систем да има диск од прав кој би се видел во набљудувањата, вели Гаел Чаувин, водечкиот автор на трудот. Трудот, кој е објавен во „Астрономија и астрофизика“, дава објаснувања за природата на овој систем. Планетата можеби се формирала заедно со уште една планета поблизу до ѕвездата. Гравитациската „војна“ меѓу нив довела до миграција на HIP 65426b поддалеку од ѕвездата, додека пак другата планета била исфрлена од системот.

Брзо-ротирачка ѕвезда и планетата што не треба да постои

Фотографија од HIP 65426b. Заслуги: Chauvin et al./SPHERE

Ова е интересно објаснување, но потребни се повеќе набљудувања и симулации за подетално и поточно толкување на тоа што се случило. Овој систем е интересен за истражување поради тоа што е одлично кога астрономите ќе откријат систем што „не би требало да постои“. Ова ни покажува дека моделите кои ги користиме се само претпоставки кои треба да се заменат со нови одговори.

Откритието е направено со помош на SPHERE инструментите на телескопот VLT (Very Large Telescope) на Европската Вселенска Агенција во Чиле. Ова е првата планета откриена од SPHERE и, бидејќи е толку далеку, невозможно е да се добијат директни слики. Досега се детектирани водена пареа и црвени облаци во атмосферата на планетата.

HIP 65426b нè потсетува дека иако егзопланетите се често откритие, сè уште има многу работи кои не ги знаеме за нивното настанување.

Превод: Максим Осман-Николов

Текстот е преземан од веб-страницата на Скопско астрономско друштво https://astronomija.mk/