Американската корпорација Google пронашла докази дека руски оперативци трошат десетици илјади долари на реклами на YouTube, на мејл сервисите на Google и пребарувачот како и на други платформи на интернет, објави „Вашингтон пост“.

Истрагата на Google е се уште во рана фаза, наведува „Вашингтон пост“, потенцирајќи дека компанијата е во фаза кога ги одвојуваа рекламите на тролови од оние на руските извори.

Рекламите, најверојатно, не ги уплаќа ентитет кој е поврзан со Кремљ, тврди американскиот весник. „Вашингтон пост“ наведува дека Google оценил дека е малку веројатно дека станува збор за ширење на руско влијание на платформите на таа корпорација, но сепак покренаа истрага за тоа.

Портпарол на Google денеска изјави дека почната е истрага за злоупотреба на нивни системи. И Twitter и Facebook соопштија дека Русија купувала реклами и дека има налози на нивни платформи.