Facebook најави нова интеграција на Apple Music за својата апликација Messenger, која ќе ви овозможи да слушате песни директно во услугата за пораки на социјалната мрежа. Ова, се разбира, е можно само ако сте платиле претплата на Apple Music. Ако не сте претплатник, сè уште можете да пуштате и да споделувате фрагменти од 30 секунди.

Можете да добиете достап до Apple Music преку Messenger со кликнување на знакот „+“ и избирање на екстензијата на Apple Music. Можете исто така да комуницирате со Apple Music бот, како од десктоп компјутерите, така и од мобилните уреди.

Од Facebook велат дека ако му испратите емотикон на ботот, ќе ви понуди нова плејлиста врз основа на типот на емоција.