Луѓето во обидите да направат што е можно поатрактивна фотографија за на социјалните мрежи, понекогаш знаат навистина да претераат.

Познати се неколку случаеви во кои што неколку луѓе го загубија животот во обидот да направат селфи во близина на карпа, мост и слично, а според организацијата World Animal Protection, најновите жртви на „селфи грозницата“ се животните.

Имено, со оглед на тоа што многу животни се егзотични и со тоа интересни за фотографирање, често дури и во договор со туристичките агенции, животните се одведуваат од нивните живеалишта во природата и се врзуваат на посебни места за фотографирање.

Освен тоа што животните се оневозможени да живеат во својата природна животна средина, животните патат и од понекогаш лошото однесување на туристите, објаснува доктор Нил Круз од World Animal Protection.

Тој во разговор за „БиБиСи“ изјави дека научниците во Бразил и Перу, откриле голем број на врзани животни за дрва со јаже или со леплива лента, како и повредени птици и измачувани и дехидрирани анаконди кои што на туристите им биле најомилен „трофеј“ за селфи фотографии.

Од социјалната мрежа Инстаграм велат дека според правилата на користењето на оваа мрежа, се забранува учество или организирање на криминални активности кои што можат да им наштетат на животните и секогаш ја отстрануваат пријавената содржина на која е јасно дека одредени животни се малтретираат.

Извор: Tportal.hr