Google гради дигитален град на бреговите на Торонто

Без бројните услуги на Google денес голем број луѓе не можат да си го замислат секојдневниот живот, па компанијата која почна како интернет пребарувач одамна е многу повеќе од тоа. Денес нивните услуги како YouTube, Maps, Gmail, Android и други имаат повеќе од милијарда корисници, а компанијата со години инвестира во технологии како вештачка интелигенција, проширена реалност, автономни возила и други за во наредните години да доминира на технолошки план.

Пред две години Google ја основаше компанијата Sidewalk Labs со цел подобро и поефикасно функционирање на градовите, односно развој на технологии за урбан живот. Меѓу нив дигиталните градови трбало да овозможат ефикасна потрошувачка на енергија и транспорт. Екипата од Sidewalk Labs конечно тргна во акција и моментално траат преговорите за изградба на дигитален град, односно високотехнолошки урбан простор на бреговите на Торонто. Од Google не објавуваат дополнителни информции и детали што може да се очекува од дигиталниот град, а не е познато ни колку ќе чини изградбата.

Дозволите за почеток со работа на дигиталниот град треба да ги добијат во текот на овој месец, па веројатно тогаш конечно ќе дознаеме повеќе информации за технологијата која ќе биде имплементирана во дигиталниот град.

Извор: Zimo.hr

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 2 =