Руски хакери преку Касперски украле тајни податоци од NSA

Американските медиуми јавуваат дека хакери поддржани од руската влада украле многу доверливи шпионски податоци од Националната агенција за безбедност (NSA). Тоа наводно се случило во 2015 година кога соработник на Агенцијата ги пренесол на неговиот домашен компјутер.

Се верува дека хакирањето било направено преку антивирус програма на фирмата Касперски Лаб, чие седиште е во Москва. Вашингтон во минатиот месец им забрани на федереланите агенции да ги користат продуктите на Касперски Лаб поради врските на таа компанија со руските разузнавачки служби.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + two =