Google официјално ги претстави смартфоните Pixel 2 и Pixel 2 XL. Како што се очекуваше, за да остане во чекор со Apple и Samsung, мораше да понуди нешто повеќе од хардвер.

Благодарение на огромните средства инвестирани во вештачката интелигенција, како и моќта на Android 8.1, Google ги претвори неговите смартфони во мали чуда на технологијата. Речиси секоја функција на уредите зад себе има некој вид на вештачка интелигенција, која зависно од функцијата работи локално или преку интернет.

Обработката на фотографиите, напредните функции за снимање видео содржини и поедноставениот интерфејс, изледаат како нешто што стигнало од иднината.

 

Технички карактеристики

 

Pixel 2 и Pixel 2 XL се создадени да работат заедно со остатокот од претставениот асортиман на Google за сезоната 2017-2018 (слушалки, камери, лаптопи и домашни асистенти). Што се однесува до хардверот, двата уреди имаат алуминиумско куќиште и заштита од вода со сертификат IP67. Pixel 2 има AMOLED дисплеј со големина на дијагонала од 5 инчи и резолуција од 1080р, додека XL верзијата има дијагонала од 6 инчи и pOLED екран со резолуција од 1440р. Двата уреди имаат ист процесор – Snapdragon 835 и 4GB RAM меморија. Батеријата на Pixel 2 е со капацитет од 2700 mAh, a кај XL верзијата е со 3520 mAh. Двата уреди имаат иста задна камера со резолуција од 12.2 MP со f/1.8, a предната е со резолуција од 8 MP.

Главниот акцент паѓа на задната камера – само една, за разлика од голем дел од останатите предводници презентирани оваа година. Уредот, сепак, го компензира за недостатокот на неверојатен квалитет – или барем на тоа укажуваат оценките на DxOMark кои оценија дека Pixel 2 / XL поседува најдобра камера во телефон во светот.

Цена и достапност?

На корисниците ќе им бидат достапни варијанти на Pixel 2 со 64 GB и 128 GB, a нивните цени ќе бидат 649 и 749 долари. За  Pixel 2 XL ќе мора да оддвојат повеќе – 849 и 949 долари. Земјите во кои најпрво ќе биде достапен се Германија, Велика Британија, Австралија, Индија, САД.