Безжични слушалки на Google преведуваат странски јазици во реално време

Google синоќа во Сан франциско претстави нов хардвер, паметни телефони, лаптоп и надградба за Google Home звучниците, а најголемо внимание добија новите слушалки кои имаат можност да преведуваат странски јазици во реално време.

Слушалките наречени Google Pixel Buds може да се спојат на кој било Android и Google Pixel паметен телефон кои се поврзани на виртуелен гласовен асистент. Со слушалките Pixel Buds корисниците може да се јавуваат на телефон да пуштаат музика, а што е најинтересно тие преведуваат странски јазици во рално време.

Pixel Buds имаат опција за слуѓање и разговор на странски јазици преку поврзаноста со телефонот. Тоа значи дека при слушање некој странски говор, слушалките автоматски го преведуваат на јазик кој вие ќе го одберете.

Гласовниот асистент на Google преку слушалките ќе ги известува корисниците околу новите повици, пораки или настани од календарот.

Google Pixel Buds слушалките поддржуваат 40 јазици, а па пазарот пристигнуваат на 22 ноември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 2 =