Американскиот интернет гигант Yahoo соопшти дека сите нивни три милијарди кориснички налози биле компромитирани во хакерски напад во 2013 година.

Компанијата која претходно оваа година го купила Verizon, објавила дека компромитирањето на налозите било многу пообемно отколку што досега се сметало.

Украдените податоци не опфаќаат јасно напишани кориснички шифри или информации за платежни картички или банкарски сметки, пренесува BBC. Компанијата претходно соопштила дека се погодени “повеќе од една милијарда” кориснички налози.

Yahoo сега наведува дека не се случило ново нарушување на системот на заштита, но и дека корисниците добиле нови известувања по пат на електронска пошта.

Компанијата ја продолжува блиската соработка со полицијата во врска со овој случај.