Европската Унија ѝ наложи денеска на американската компанија „Амазон“ да плати казна од 250 милиони евра поради незаконско користење даночни олеснувања кои компанијата ги добила од Луксембург.

„Луксембург на ‘Амазон’ му дал незаконски даночни олеснувања. Како резултат на тоа речиси три четвртини од профитот на компанијата не се оданочени“, се наведува во соопштението на европската комесарка за заштита на конкуренцијата, Маргарет Вестагер.