Видео игра што го шокира светот

Во новата видео игра на компанијата Биг-О-Три, ќе имате можност да бидете кинески готвач кој фаќа и убива мачки поради нивното месо, а меѓу другото
и се труди да не буде депортиран.

Играта чијшто слоган е „политичката коректност е прилично досадна“, а која, иронично, е првенствено наменета за деца, важи за доста стереотипна и контроверзна. Во неа играчите имаат за цел да „убијат“ што повеќе мачки и да му помогнат на готвачот да и побегне на полицијата.

Освен насилство над животните и добро познатите стереотипи околу исхраната на Кинезите, играта промовира и коцкање в ресторан. Јавноста остро реагираше на сето тоа, се огласи и компанијата.

– Нашата игра е сатирична и комична, а на создавањето влијаеја класичните политички некоректни проекти со коишто пораснавме – „Саут Парк“’, „Се е во семејството“, „Стенфорд и неговиот син“, „Семеен тип“, „Симпсонови“ и „Шоуто на Чапел“. Играта никако никако не ја отсликува кинеска култура, се наведува во соопштенито

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − 2 =