Се ближи претставувањето на новиот телефон на Google, смартфонот Pixel 2, а во јавност веќе беше објавена и првата фотографија.

Еван Блас кој ја објави фотографијата тврди дека е во прашање промо фотографија од Pixel 2 XL моделите кои утре ќе бидат претставени.

Како што може да се види, доминира голем екран, а можат да се забележат и промени во интерфејсот, па така Google search widget се наоѓа на дното на екранот, а не на врвот.

Pixel 2 XL  би требало да чини околу 849 долари, а Pixel 2 649 долари, а ќе биде достапен во продажба во црна и сина боја.