„GoPro“, после повеќемесечни тестирања од страна на посебно одбрани луѓе за таа прилика, ја пушти во претпродажба својата нова „GoPro Fusion“ камера.

„Fusion“ е прва камера од овој производител за снимање видеозаписи од 360 степени, за која оние кои ја користеле велат дека е „најсестраната креативна алатка некогаш направена“. Неговата најзначајна карактеристика е можноста за снимање VR видеа во резолуција 5.2К.

Камерата е опремена со двојна леќа, водоотпорна е до длабочина од 5 метри, има можност за контрола на гласот и компатибилна е со постоечката „GoPro“ апликација.

Она што „Fusion“ го издвојува во однос на претходните „GoPro“ модели е напредниот систем за стабилизација вграден во самата камера, што ќе им овозможи на корисниците правење на многу стабилни видео снимки.

„GoPro Fusion“, без сомнение, е одличен производ, само прашање е колку ќе им биде достапен на корисниците бидејќи неговата претпродажна цена изнесува 700 евра.

Тоа не е поволно, особено ако се има во предвид дека на пазарот на „VR“ и „360“ камерите, денес може да се најдат многу поевтини модели.