Безжичното полнење не е новитет за шведската компанија IKEA, која во 2015 година ги лансираше првите парчиња мебел кои тоа го овозможуваат.

Apple исто така неодамна претстави нов модел на безжично полнење кај iPhone, односно универзална подлога, која овозможува полнење на повеќе уреди истовремено.

Сега по повод новата кампања на IKEA, со која брендот ја презентира новата светилка, која ја има опцијата за безжично полнење, маркетинг тимот на шведскиот гигант реши да се послужи со маркетинг триковите на Apple

Краткото видео има музичка подлога, а потоа следат логата за кампањата, односно „This changes everything” и „One more thing…”. Како изгледа новата реклама на IKEA според маркетинг стандардите на Apple, погледнете во видеото: