Секс куклата беше толку тешко оштетена од нестрпливи мажи што се скрши пред некој да може да ја искористи, објави „Д Мирор“.

Програмерот Серги Сантос од Барселона, творецот на интелигентниот робот Саманта, рекол дека мажите на фестивалот Ars Electronica во Линц ја третирале неговата кукла за секс „како дивјаци“.

Вниманието на заинтересираните мажи немало крај, па куклата која зборува и реагира на допир била испратена на поправка и пред било кој да ја употреби.

Според пишувањето на австралиските медиуми кои ја тестирале Саманта, роботот реагира на воздишките кога некој и ги масира градите.

– Посетителтие се фрлија на нејзините гради, нозе, раце. И скршија два прсти и нормално ја извалкаа. Луѓето можат да бидат навистина ужасни. Само затоа што не се разбираат во технологија и не морале да платат за тоа, ја третираа куклата како вистински дивјаци, изјавил Сантос.

Саманта е кукла која интелигентно реагира на допир, разговор и “стон”. Постои зголемена побарувачка за такви производи. Многумина веруваат дека куклите ќе се покажат како добра алатка. Други ги дефинираат како знак на крајот на човештвото.

Дејвид Леви, автор на “Љубов и секс со роботи”, пишува: “Секс роботите од овој напреден бран ќе имаат човечки вид и големина, ќе имаат гениталии како човечките и ќе овозможуваат сексуален однос според сексуалната ориентација и вкусот на сопственикот.”