Amazon претстави серија нови Echo производи. Звучникот Echo, објавен во 2014 година, дефинитивно имаше потреба од надградба, а освен тоа видовме нова верзија на Fire TV, само неколку дена откако Apple го објави најновиот Apple TV на Apple со 4K поддршка.

Интересно, главниот фокус на новите уреди е нивната се пониска цена. Ова нè доведува до прашањето дали поевтините Echo гаџети ќе ја направат платформата подостапна, па така ќе дојде и во земји како Македонија.

Еве ги новите уреди:

Echo Spot

Ова е дефинитивно најинтересната објава – Echo Spot е паметен часовник кој може да се поврзе со надворешни звучници преку кабел или Bluetooth и да остварува видео повици. Уредот изгледа како комбинација од Echo Dot и Echo Show и има мал 2,5-инчен екран.

Тој, исто така може да дејствува како будилник, па дури и да служи како надзорна камера за набљудување во детска соба. Echo Spot доаѓа на пазарот од 19 декември по цена од 130 долари.

Echo Plus

Echo Plus ги има истите димензии како и оригиналот, но веќе ја исполнува улогата на паметен центар за целиот дом. Компатибилен е со над 100 паметни уреди и прифаќа команди целосно на глас.

Безжичната покриеност е исто така поголема. Echo Plus е во продажба од 31 октомври за 149 долари.

Поевтина верзија на Amazon Echo

Видовме нова и помала верзија на Amazon Echo, која веднаш е достапна за 99 долари. За прв пат Amazon исто така нуди сет од три звучници на Echo за 249 долари. Тие имаат различни визуелни дизајни кои одговараат на секој дом.

Echo Connect и Echo Buttons

Ова е уред од 35 долари кој може да направи фиксни повици преку Alexa.

echo_buttons

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Echo Buttons вредат 20 долари, и тоа е уред со големина на диск кој ви овозможува да играте игри преку уреди со Alexa.

Fire TV ја фрла ракавица на Apple

Новата верзија на Fire TV поддржува стриминг на 2160p со 60 фрејмови во секунда. Amazon, исто така, додава Alexa далечинско за да можете да го користите вашиот асистент за да ја пронајдете саканата содржина за гласовни команди.

fire-tv-echo-dot

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Но, главната разлика со Apple TV е во цената – додека Apple ја нуди својата понуда за 180 долари, Fire TV ќе чини само 70 долари.

Извор: Стандард