Групацијата Даталаб, водечко претпријатие за деловно-информациони системи во Југозападна Европа, денеска прославува 20 години постоење. Мисијата на претпријатието е со постојани иновации да се постигне квалитетна деловна информатика за сите, и за најмалите прептријатија. Сакаме да им помогнеме при растот и реализацијата на стратегиите. Сакаме, преку оптимизација на деловните процеси и автоматизација на секојдневните постапки да ја зголемиме добивката на сите.

Господинот Андреј Мертељ, претседател на управниот одбор и основач на претпријатието како и господин Морено Родман, извршен директор на претпријатието Даталаб Технологии д.д., ни пренесуваат, како од старт во детска соба, Даталаб прерасна во успешна мултинационална компанија и каде е насочен развојот на претпријатието.

„Мојот бизнис партнер, Томаж Тејровски, и јас ги поставивме основите на оваа компанија во мојата детска соба и со 1,000 Германски Марки кои ги имав од мојата последна плата. Јас бев одговорен за дизајнот и архитектурата, пишувањето на упатства, продажба и поддршка, додека Томаж програмираше. Повеќе од 50,000 корисници и 18,000 компании во регионот го користат продуктот денеска“, изјави Андреј Мертељ.