Amazon и Google влегоа во јавен спор околу видео порталот на YouTube. Од вторникот наваму сопствениците на уредот Amazon Echo Show немаат пристап до YouTube, а причината доведе до спорот меѓу компаниите, пријави Би-Би-Си.

Според Amazon, Google еднострано ја прекинал поддршката без да даде објаснување. „Google одлучи повеќе да не нуди YouTube за корисниците на Echo Smart без предупредување и објаснување. Нема техничка причина за она што е разочарувачки и штета на нашите клиенти“, вели Amazon во официјалното соопштение.

Очекувано Google има поинаква позиција: „Начинот на кој Amazon го користи YouTube во Echo Show, ги прекршува нашите правила на услугата и создава лошо корисничко искуство. Се надеваме дека ќе дојдеме до договор и ќе ги решиме овие проблеми наскоро. Водиме преговори со Amazon долго време, и работиме на договор кој е корисен за корисниците на платформи“, коментираше Google.

Според Јан Фог од аналитичка фирма IHS Markit, спорот на компанијата не е толку технички колку концептуален. Двете компании активно развиваат и гласовни асистенти и паметни домашни апарати. Нивната конкуренција во овие сфери се зголемува и ова создава конфликт, вели Фог.