Новиот атрактивен смартфон Essential PH-1 на компанијата на основачот на Android, Енди Рубин, според досегашните анализи успеал да се продаде во само 5000 примероци, што е катастрофално слаб старт на проектот.

Рубин успеа да собере капитал од 1,2 милијарди долари, но доколку продолжи со очајната продажба сигурно ќе следува и реакција кај акционерите
кои вложија многу пари.

Наскоро и возбудата кај корисниците ќе исчезне бидејќи Essential PH-1 се продава само преку американскиот оператор Verizon и го нема во масовна продажба низ Европа. Затоа се очекува Енди Рубин итно да ја промени тактиката на продажба.