Ако не знаете како да го намалите или во потполност да го „решите“ стресот, во Шведска има 72-часовна програма која докажува дека помага. Таму, на еден од островите, „среде ништо“ изградена е стаклена кабина со само еден кревет, а притоа сте опкружени со најубавата можна природа од која вие сте одделени со стаклени ѕидови и дрвена конструкција како база на куќарката.

Архитектката која го замислила концептот на објектот, истакнала дека се водела од премисата „што помалку, толку повеќе“, во креирањето и реализацијата на оваа идеја во целост.

На никој начин не сакала на клиентот да му го скрати контактот со околината која според експертите има терапевтски ефект врз луѓето. Во објектот освен креветот се наоѓа и светлечко тело, и тоа е сè, а сè друго останува само за вас.