Напис

Војаџер 1 и 2, 40 години од лансирањето
ФУТУРАМА

Војаџер 1 и 2, 40 години од лансирањето

Сондите и понатаму се функционални и комуницираат. Тие сè уште сондираат и испраќаат податоци за условите во кои влијанието на Сонцето се намалува и започнува меѓуѕвездениот простор. Овие вселенски сонди се и временски капсули, бидејќи можат да траат милијарди години. Еден ден, можат да бидат единствената трага од човечка цивилизација. Секоја сонда носи звуци, слики и пораки од Земјата.

Војаџер 1 е лансиран на 5-ти септември, 1977 г. Тоа е единственото вселенско летало кое влегло во меѓуѕвездениот простор. Војаџер 2 е лансиран на 20-ти август, 1977 г. Тој е единственото вселенско летало кое прелетало покрај сите четири надворешни планети – Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун.

Војаџерите откриле:

– први активни вулкани вон Земјата, на Јупитеровиот сателит Ио;

– навестување на подземен океан на Јупитеровиот сателит Европа;

– атмосфера на Сатурновата месечина Титан;

– замрзнат сателит, Миранда на Уран;

– замрзнат гејзер на Тритон, месечина на Нептун.

Војаџер 1 е сега оддалечен од над 20 милијарди километри во правец северозападно од Земјата. Податоците кои тој ги испраќа покажуваат дека вселенските зраци се дури четири пати поприсутни во меѓуѕвездениот простор, отколку во близина на Земјата. Тоа значи дека хелиосферата, простор како балон, во кој се наоѓаат планетите во Сончевиот Систем, како и соларниот ветер, делуваат како штит од вселенско зрачење. Војаџер 1 укажува дека локалното меѓуѕвезденото поле се наоѓа околу хелиосферата.

Постер за Војаџер изработен по повод 40-годишнината од овие историски мисии. Заслуги: NASA/JPL-Caltech

Војаџер 2 сега се наоѓа на оддалеченост од повеќе од 17 милијарди километри во јужен правец од Земјата. Се очекува да влезе во меѓуѕвездениот простор во наредните неколку години. Различните локации на двата Војаџери им овозможуваат на научниците да ги споредат двата региони со простор во кој хелиосферата влегува во интеракција со околните меѓуѕвездени медиуми со помош на инструменти кои мерат наелектризирани честички, магнетни полиња, нискофрекветни радио бранови и плазма на соларниот ветер.

Двата Војаџери имаат по три радиоизотопски термоелектрични генератори, во кој со распадот на плутониумот -238 со временски полураспад од 88 години, се создава потребната енергија за долготрајна работа. Бродовите можат самостојно да се префрлаат на резервни системи кога е потребно.

Просторот во кој тие се движат е речиси празен, така што тие се на ниско ниво на ризик од бомбардирање од големи објекти. Меѓуѕвезденото опкружување на Војаџер 1 е исполнето со ретки облаци на материјал преостанат од ѕвездите кои експлодирале како супернови пред милиони години. Овој материјал не претставува опасност за вселенски брод, но Војаџер го набљудува и им овозможува на научниците да го проучуваат.

Со оглед дека силата на Војаџер се намалува за по 4 W годишно, инженерите учат како да управуваат вселенски летала под се поголеми ограничувања на силата. За да ја максимизираат работата на Војаџерите, мораат да се консултираат со документи кои се напишани многу порано.

Инфографик – Војаџер: Големата тура и подалеку. Заслуги: NASA/JPL-Caltech

 

Текстот е објавен на веб-страницата на Скопското астрономско друштво: www.astronomija.mk

Поврзани артикли