Google денеска слави 19 години и по тој повод одлучи да приреди голем број изненадувања.

На страницата на пребарувачот се нуди т.н. Google Doodle спинер со кој може да се избере игра која сакате да ја играте.

Интересно е што станува збор за многу стари, но се уште омилени компјутерски игри, како што е „Snake“. Меѓу 19-те игри се и „Тic-tac-toe“, квизот „Earth Day“, „Packmen“, но и „Halloween game“.

Инаку, Google е формиран во 1997 година кога неговите основачи Лери Пејџ и Сергеј Брин се запознале на Универзитетот Стенфорд и одлучиле да креираат систем со кој ќе ги организираат информацииите на Интернет. Канцеларијата ја отвориле во гаража и почнале да работат.

Денес Google има преку 4,5 милијарди корисници од околу 160 земји.