Kоосновачот на Microsoft и познатиот технолошки гуру Бил Гејтс продолжува да ги промовира производите на Microsoft, но се чини дека потклекна под незаобиколниот тренд – најраширениот оперативен систем за мобилни уреди – Android.

Платформата на Microsoft, Windows Phone веќе некое време е дел од минатото, а со тоа се сложува и Бил Гејтс. Уште повеќе, подготвен е отворено да признае дека моментно ја користи конкурентската платформа – во текот на интервјуто за Fox News Sunday, потврди дека веќе некое време користи Android, објави The Verge.

Специјална верзија од Microsoft

Иако не зборуваше за тоа кој точно уред го има во џебот, нагласи дека на него има многу софтвер од Microsoft. Ова значи дека Гејтс веројатно користи посебна верзија на Microsoft на Samsung Galaxy S8.

Microsoft почна да го продава Galaxy S8 Microsoft Edition на почетокот на оваа година, а на него се наоѓаат прединсталиран Office, OneDrive, Cortana и Outlook. Треба да се нагласи дека Android ги поддржува споменатите апликации, иако очигледно тоа нема да го спречи Microsoft од издавање на уште „специјални верзии“ на Андроид телефони.

Став кон конкуренцијата

А што е со iPhone? Гејтс изгледа не сака ни да се приближи до уредот на Apple. Неговиот став кон конкурентската компанија е познат веќе со години – iPhone и iPad уредите се буквално забранети во неговиот дом. А што се однесува до мислењето на Гејтс за Стив Џобс, повеќе пати нагласи дека најпознатиот директор на Apple бил гениј. Гејтс дома користи PC со Windows, но iPhone (барем засега) не планира ни да допре.