Овие денови Порше ја претстави својата нова јахта – “GT 115 Hybrid”.

Јахтата е долга 35 метри, а отворената палуба се протега на деведесет квадратни метри. Оваа јахта е изработена од бродоградилиштето Динамик од Монако, а екстериерот е дизајниран од Студиото Ф.А. Порше.

Покрај луксузниот екстериер, јахтата може да се пофали и со луксузен интериер кој вклучува скапоцен мебел, мермер и карбонски влакна. Јахтата има два електрични мотори и собира околу 12 луѓе, од кои шест места се резервирани само за екипажот. Оваа јахта ќе ја има само во седум примероци, а цената ќе изнесува 12 милиони долари.