Call of Duty ќе нѐ учи за херојството и ужасот кој го носи војната

Новата Call of Duty: WWII би можела да биде видео игра која што покрај забава, ќе има нуди и едукација за најстрашната војна во историјата на човештвото – Втората светска војна.

Така барем најновото издание на популарната франшиза го претставуваат учесниците на промотивното видео кое што е фокусирано на историските факти за битките на тлото на европскиот континент, од 1944-та година па се до падот на Берлин.

Activision и девелоперите од Sledgehammer Games се потрудија во создавањето на играта да го вклучат и историчарот Марти Морган кој што заедно со своите колеги, во видеото објаснуват зошто е важно да се памети Втората светска војна кога оние кои што ја доживеале, повеќе не се меѓу живите.

Од Нормандија, преку битките на улиците на Париз, па се до германската контра-офанзива во Луксебург и Белгија, играчот на Call of Duty: WWII ќе „патува“ низ историјата и токму тоа е главната цел на креаторите на играта.

Во форма на мини документарец, видеото со назив “The Brotherhood of Heroes” претставува врска помеѓу видео играта и реалните историски факти од големата војна после која светот никогаш веќе не беше ист.

Call of Duty: WWII ќе биде пуштена во продажба на 3-ти ноември, а ќе може да се игра на Xbox One, PlayStation 4 и PC.

Извор: Точка

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 − 2 =