Секој од нас поминува одвремено време онлајн и се грижи за својата сигурност, а секојдневно сведочиме на сајбер напади. За да ја спасиме својата приватност ќе мораме да обрнеме внимание на промените кои му се случуваат на нашиот компјутер.

Антивирусот е исклучен

Ако забележите дека антивирусот во вашиот компјутер е исклучен, а добро се сеќавате дека вие не сте го направиле тоа, голема е веројатноста да сте мета на хакери. Имено, првото нешто што ќе го направи напаѓачот откако ќе пристапи до вашиот компјутер е да го исклучи антивирусот за да може полесно да стигне до вашите податоци.

Некој ви ги променил лозинките

Ако лозинките што сте ги користеле до неодамна одеднаш не работат, тогаш имате причина за загриженост – вашиот компјутер, многу веројатно, е нападнат.

Одеднаш имате повеќе пријатели

Ако на социјалните мрежи забележите дека бројот на онлајн-пријатели се зголемил и ако едноставно не можете да се сетите кога сте ги додале, постојат шанси вашиот профил да го користи некој друг за праќање опасни пораки и спамови.

Сте го отвориле прелистувачот и во лентата за адреси имате нови линкови

Откако ќе го отворите прелистувачот и ќе забележите нови кратенки на лентата за адреси, постои шанса во вашиот компјутер да се населил некој вид злонамерен софтвер.

Покажувачот од глувчето се движи сам од себе

Ако забележите дека стрелката од глувчето се движи без притоа да сте го допреле глувчето, можно е тоа да го прави некој од оддалечена локација. Со други зборови, вашиот компјутер е во раце на хакери.

Ве пренасочуваат на различни страници

Ако вашиот веб-пребарувач непрекинато ве пренасочува на други веб-страници, постои причина за тревога. Истото важи и во ситуации кога нешто ќе напишете во полето за пребарување и наместо „Гугл“ ќе добиете страница која никогаш не сте ја посетиле. Или кај страниците што ви излегуваат во заднина, а постои шанса некоја од тие страници да е во сопственост на хакерите, или, пак, вашиот компјутер е заразен од некој вид малвер.

 

Некој ви ги брише фајловите

Ако податоците ви исчезнуваат без ваше знаење, вашиот компјутер дефинитивно е под напад на хакер(и) или на некој што ви ја знае лозинката.

Вашите лични податоци се достапни на интернет

Ако во пребарувачот, откако ќе ги внесете името и презимето, здогледате податоци кои не сте ги споделиле лично, веројатно некој го пробил вашиот компјутер и ви ги украл личните податоци.

Ви стигнуваат лажни известувања дека компјутерот ви е инфициран

Ако видите предупредување за антивирус кој е поинаков од вообичаените, постои шанса да ве хакирале. Уште еден лош знак е ако таквото предупредување доаѓа од антивирусна програма која не сте ја инсталирале.

Вашата веб-камера чудно се однесува

Обрнете внимание на веб-камерата на вашиот лаптоп. Ако нејзиниот индикатор се пали сам од себе, задолжително рестартирајте го компјутерот и проверете дали ќе се вклучи после десет минути. Ако се случи тоа, вашиот компјутер дефинитивно е нападнат од хакери.

 

Извор: Tportal.hr