Овој месец беа претставени голем број нови паметни телефони, што значи дека дојде време за промена на листата со најдобрите смартфони во светот. 

10. LG G6

Станува збор за паметен телефон кој благодарение на премиум-дизајнот и отпорноста на вода, може да стои рамо до рамо со уреди на „Самсунг“ и „Епл“.

Овој телефон има квалитетна двојна камера со која би требало да бидете задоволни, нешто подолг екран од просекот. За жал, има постар процесор – „Snapdragon 821“ поради што се наоѓа на десеттото место на оваа листа.

9. OnePlus 5

Oва е еден од најдобрите „Андроид“ паметни телефони кои поседуваат елегантен, едноставен дизајн, одлични перформанси, одлична камера и доста прифатлива цена. Иако има пошироки краеви околу екранот што го прават да изгледа како постара верзија, ова на многу луѓе нема да им пречи со оглед на тоа што овој уред е за 150 долари поевтин од оној со потесни краеви, како LG G6 или Galaxy S8.

8. Galaxy S8

Овој телефон моментално го има најдобриот дизајн на пазарот, подобар и од ајфон 8. Освен изгледот, телефонот има одлични нови функции, вклучувајќи и отпорност на вода, подолг екран во однос на просекот, што овозможува подобар преглед на содржината, брзо полнење, препознавање на лице, препознавање на отпечаток на прстите, најдобра камера во својата класа и скриено „Home“ копче.

7. iPhone 7

Сега веќе минатогодишниот модел чини 550 долари, што го прави значително поповолен во однос на Galaxy S8 (679 долари). Подобра опција за купување од „Андроид“ уредите поради подобрите апликации и најдобриот екосистем. А кога се вели екосистем, се мисли на достапните апликации, корисничката поддршка и достапноста на надградба.

Телефонот е отпорен на вода, неговата камера прави одлични фотографии дури и при слаба светлина и има доста силен процесор.

6. Galaxy S8+

Galaxy S8+ има исти функции како Ѕ8, освен што е значително поголем и доаѓа со 6,2-инчен екран. Овој уред се најде пред Ѕ9 само поради големината на екранот и аглите.

5. iPhone 7 Plus

Најголемиот адут на овој уред е двојната камера, поради која е подобар од седумката, а неговата цена од 670 долари го прави значително попривлечен од Galaxy S8+, кој чини 720 долари.

iPhone 7 Plus за разлика од обичната седумка, овозможува фотографии со ефект на дополнителна длабочина благодарение на замаглувањето на заднината во однос на објектот. Дополнително, може да се зголеми објектот без жртвување на квалитетот на фотографијата.

4. Galaxy Note 8

Благодарение на својот одличен дизајн, ултратенките рамки, прекрасниот екран, брзото функционирање, двојната камера и одличните функции, овој телефон моментално е најдобрата понуда на „Самсунг“. Со овој уред се застапени најдобрите карактеристики на „Galaxy S“ и „Note“ линијата, што претставува комбинација што е тешко да се надмине.

3. Google Pixel и Pixel XL

И покрај достапноста на новиот Galaxy Note 8 паметни телефони, овие два телефони и понатаму се наоѓаат високо на листата на најдобри мобилни „Андроид“ уреди. Имаат одлични перформанси и фантастични камери, а на третото место дојдоа после претставувањето на новите модели на iPhone, кои имаат подобри спецификации, функции и дизајн.

2. iPhone 8

Во последните неколку месеци телефоните Pixel и Pixel XL беа најдобрите паметни телефони на пазарот. Сега, откако е претставен iPhone 8, работите се променија.

Овој уред доаѓа со елегантно куќиште и стакло, висококвалитетна камера и одлични перформанси. Исто така, има можност за безжично и брзо полнење – две работи кои му недостигаа на неговиот претходник, а кои со години беа присутни кај „Андроид“ уредите.

Исто така, како и „Андроид“ телефоните, е отпорен на вода.

1. iPhone 8 Plus

Овој мобилен ги содржи најдобрите карактеристики на iPhone 8, но исто така има и поголем и подобар екран, двојна камера и неколку дополнителни трикови, како оптички зум, длабочина на фотографиите и многу повеќе.

iPhone 8 Plus е моментално најдобриот паметен телефон што можете да го купите, а кога iPhone Х ќе биде достапен на пазарот, ќе ја преземе неговата улога.

Извор: B92.net