Кинеската Влада го ограничи користењето на апликацијата за размена на пораки WhatsApp, со цел засилување на безбедноста пред Конгресот на Комунистичката партија на Кина, кој ќе се одржи следниот месец.

Корисниците во Кина неделава веќе се соочуваат со проблеми во користењето на оваа апликација.

WhatsApp е производ на Фејсбук, кој е достапен само во континентална Кина, но не и во одредени делови на крајбрежниоот појас.

– Периодот пред Конгресот вообичаено е време на поголеми ограничувања од секаков вид, со цел да се гарантира дека Конгресот на партијата ќе се одржи во идеални општествени услови и нема да не се нарушува мирот, изјави за Би-Би-Си Роберт Лоренс Кан, долгогодишен советник на повеќе кинески водечки мултинационални корпорации.

WhatsApp одби да го коментира овој случај.