Дубаи го изврши првиот тест на електрично такси без возач, со што овој емират сака да стане пионер во областа на футуристичкиот транспорт.

Во првото пробно возење во понеделник немало патници, соопшти Агенцијата за сообраќај на Дубаи.

Користениот прототип, дело на германска старт ап компанија, може да вози 30 минути со максимална брзина од 100 километри на час. Во него собира две лица.

Дубаи планира да ги интегрира такси возилата без возач во транспортната мрежа со метро, автобуси и трамваи.

Патниците ќе може да го резервираат таксито и да го следат неговото движење преку телефонска апликација.

Властите наведуваат дека планираат петгодишни тестирања за да се забележат сите безбедносни мерки и да се донесат неопходните закони за новиот вид на превоз.

Дубаи со 14,9 милиони туристи минатата година беше меѓу главните туристички дестинации во Персискиот залив.