Јапонскиот производител VAIO најави три нови лаптопи, кои користат Intel Kaby Lake двојадрени процесори од седмата генерација, а се дел од S серијата уреди на компанијата.

Новите модели се достапни со екрани со големина од 11,5 инчи, 13,3 инчи и 15,6 инчи, а ги одликува и тастатура отпорна на вода, сензор за отисоци од прсти, два микрофона и друго.

Сите три модели (VAIO S11, VAIO S13 z VAIO S15) наскоро ќе се најдат на јапонскиот пазар, додека глобално с е очекуваат во претстојните недели. Целосните информации за конфигурациите, цените и достапноста на лаптопите се очекуваат наскоро.