Не само Facebook и Google се обидуваат да ги направат полесни своите мобилни апликации, за да одговорат на условите со кои се соочуваат во некои региони во светот, во кои корисниците имаат многу помали пакети или имаат лоша интернет конекција.

Twitter потврди за TechCrunch дека тестира еквивалент на Twitter Lite на Филипините, откако идејата е апликацијата да работи на Андроид. Причината за избор на Филипините е дека постојат побавни мрежи и уредите што ги користат корисниците имаат ограничена меморија, што ја прави стандардната апликација попрактична.

Иако многу од основните функции на Twitter се уште се таму, фокусот паѓа на отстранувањето на сите медиумски опции кои се достапни единствено при користењето на широкопојасен интернет.

Предложен е „Data Server“ режим кој избегнува прикажување на слики и видео, освен ако корисникот не избере сам, дека сака да ги види, а Twitter тврди дека лесната верзија може да користи до 70% помалку податоци во однос на оригиналот. Самата апликација зазема само 3 мегабајти простор по отстранувањето на голем број елементи.

Тоа е „експеримент“, велат од Twitter. Се уште е нејасно дали и кога полесна апликација ќе биде достапна во други земји.

Нема да биде изненадување ако Twitter Lite стане популарен во многу области. Twitter се бори за привлекување на нови корисници, а една лесна апликација може да и помогне да стигнат до луѓето кои дури не помислиле да користат стандардна апликација.

Во Филипините, пример, припејд услугите се многу повообичаени од претплатниците на пакети, ако зборуваме за стандардни планови за пристап до податоци. Главниот пристап до Facebook е бесплатен, благодарение на договори на операторите, но тој е ограничен и многумина не можат да вчитаат повеќе од насловот на споделена статија.

Извор: Стандард