Во последните пет години, компанијата Tesla успеа да собере средства од еден невобичаен извор: нејзините конкуренти.
Нема потреба да кажуваме дека тие воопшто не се задоволни со овој факт. Во текот на изминатите пет години таа доби речиси 1 милијарда долари.

Законите во Калифорнија ги обврзуваат сите производители на автомобили да продадат одреден број на електрични или хибридни автомобили како процент од вкупниот удел на продажба. И ако не успеат, мора да купат специјални кредити од своите конкуренти за да ја покријат таа разлика.

Tesla, кој продава само такви автомобили, продале кредити за 302,3 милиони долари само за минатата година, пишува „Блумберг“.

„Тие се навистина лути што Tesla ја добива оваа помош, бидејќи тоа е единствената компанија, што произведува само електрични автомобили“, вели Мари Николс, претседател
на ресорната државна комисија.

Кина и Европската унија – два од најголемите автомобилски пазари во светот – планираат воведување на таков систем.

Сепак, извршниот директор на Tesla, Елон Маск е не премногу среќен. Тој смета дека правилата треба да биде уште построги, а кредитите – да чинат повеќе.