Програмата на НАСА е да испрати астронаути на Марс во наредните 15 до 20 години. Кина има планови да испрати луѓе на Марс меѓу 2020 и 2030 година и дури Русија има планови да испрати свои астронаути, пишува Science Alert.

Но, истражувањето за влијанието на радијацијата врз живите организми, може да фрли нова светлина за опасноста која ќе ги загрозува луѓето, за време на летот до Црвената Планета.

Главниот проблем е, се разбира, космичките зраци. Тие претставуваат високоенергетски атомски и субатомски честички кои се емитуваат од експлодирани ѕвезди, црни дупки и други моќни извори на радијација во вселената.

Тие можат да го оштетат ДНК, да го зголемат ризикот од рак, да доведат до катаракта на видот, да предизвикаат оштетување на нервниот систем и да предизвикаат бројни видови на проблеми со циркулацијата, која да биде многу опасни за астронаутите. Астронаутите се изложени многу повеќе на силното зрачење од луѓето на Земјата, бидејќи атмосферата на планетата апсорбира голем дел од штетното зрачење.