Научници од Сибир прогнозираат дека за 20 милиони години Евроазија ќе се подели на два дела, долж Бајкалското Езеро, каде ќе се појави нов океан, објави списанието „Наука во Сибир“.

Научниците од Институтот за геологија на Руската академија за наука и Државниот универзитет на Новоссибирск дошле до овој заклучок додека ја испитувале историјата на Бајкалското Езеро и прогнозирале што ќе случи со него во иднина.

„Во земјината кора, директно по средината на Евроазија, има огромна бразда, Бајкалската бразда (каде се радвојуваат ве тектонски плочи на земјината кора). Таа постепено се шири и ако не се промени геодинамичната итуација, за 20 милиони години најголемиот континент ќе се подели на два дела и на местото на Бајкалско Езеро ќе се појави нов океан“, стои во извештајот на научниците.