Шефот на кинескот гигант Алибаба Џек Ма предупредува дека луѓето би требало да бидат подготвени на значајни поместувања на пазарот на труд.

Како што тврди, вештачката интелигенција ќе го промени светот.

„Во последните 200 години, производството генерирало работни места, но денес поради појава на роботи, производството не е повеќе главно за создавање работни места“, рекол тој.

Наместо тоа, малите претпријатија кои користат интернет за проширување на својот пазар ќе бидат водачи на економски раст на овој век, додал Ма.

„Кога ќе зборуваме за производството, тоа нема да биде „Made in China“, „Made in America“. Ќе биде всушност – „Made in internet“.

Изразил загриженост поради моменталниот пристап на образование, тврдејќи дека не верува оти денешните млади луѓе адекватно се подготвени за иднината односно новиот пазар на труд.

Извор: Фактор.мк