Не е лесно да се разликува автентична чанта на Луј Витон од вешто направен фалсификат. Еден стартап од Њујорк направи технологија која може да процени дали чантата е оригинал или не. Решението на компанијата Entrupy е микроскопска камера која се држи во раце која на секој што има паметен телефон му овозможува да провери дали луксузниот аксесоар им е фалсификат.

Откако ја лансираа компанијата минатата година од компанијата велат дека прецизноста на технологијата се подобрила на дури 98% за 11 луксузни брендови, вклуќувајќи ги Луј Витон, Шанен и Гучи.

Пред 10 години секој што ќе купи ‚оригинал’ на улица знае дека Шане, Гучи и Прада не продаваат на улица, но денес има толку многу фалсификатори што консументите не можат да напправат разлика меѓу оригинал и фалсификат. Овој проблем стана многу актиелен минатата година кога Интернационалната коалиција против фалсификување го суспендираше членството на најголемиот онлајн-трговец во Кина, Alibaba Group Holding Ltd., затоа што не презема доволно мерки за откривање на фалсификатите. Изјавата на основачот на Alibaba, Џек Ма, дека кинеските фалсификати денес се подобри од оригиналите само долеа масло на огнот.

Од Entrupy велат дека нивната камера зголемува дури 250 пати, па забележува некои работи невидливи за окото како што се печати, дупчиња во кожата, бојата итн. Уредот изгеда како голема батериска ламба со конекција за безжичен Интернет и може да се купи по почетна цена од 299 долари и месечна рата од 99 долари. Досега околу 160 бизниси како заложни куќи, трговци на големи и онлајн-трговци се заинтеесирани.

Entrupy во јули годинава доби 2,6 милиони долари од инвеститори предводени од компанијата Digital Garage Inc. од Токио и Daiwa Securities Group Inc. Парите ќе се искористат за дизајнирање побрза и помала камера и да се додадат повеќе брендови на листата со заинтересирани за Entrupy. Технологијата функционира одлично на се освен дијаманти и порцелан, Веќе е тестирана на делови за автомобил, телефони, слушалки, јакни, чевли, па дури и сурова нафта.

Извор: Bloomberg