Болниците во Швајцарија следниот месец ќе бидат опремени со медицински дронови, кои ќе ја сочинуваат револуционерната автономна мрежа за достава.

Швајцарските болници и калифорниската компанија Matternet се здружија за да воспостават мрежа на дронови ширум земјата. Matternet објави дека ја комплетирал последната технолошка компонента, со која системот дронови и информации стана стварност.

Дрон под име Metternet Station има куќиште за товарот кој го пренесува и паметен под за полетување и слетување, па така болниците ќе можат брзо да праќаат и да примаат клучни медицински примероци и ресурси.

Во март годинава швајцарската влада даде дозвола на Matternet да користи логистичка мрежа дронови над густо населени градови.

На пример, ако на пациент му е потребна трансфузија на крв, а на локацијата каде се наоѓа не може да се утврди неговата крвна група, болницата мора да прати автомобил кој би превезувал осетлива опрема за итна анализа на примерок од крв. Еден од главните проблеми е метежот во сообраќајот. Место тоа, лекарите можат да добијат примерок од крв и резултати со дрон, кој се управува со помош на апликација.

Техничарот ја пакува крвта и ја праќа со дрон во кутија со QR код, дронот го следи сигналот и стигнува на дестинацијата, а потоа техничарот на другата страна со помош на смартфон и QR код ја отвора кутијата и го тестира примерокот.

Компанијата Matternet очекува до крајот на годината да има развиена мрежа во Швајцарија.

Оваа компанија веќе соработува со организацијата Лекари без граници во земјите кои се во развој, каде доставата со медицински дронови е клучна затоа што патиштата и сигурноста не се на задоволително ниво.