До 2040 година, сто луѓе ќе живеат на Месечината. Тие ќе се снабдуваат со вода од топењето на мраз, живеалиштата и алатките ќе ги прават со 3D печатачи, ќе консумираат растителни производи, одгледувани во почвата на месечината и ќе организираат спортови со „летање“, информира АФП во своја репортажа.

За многумина, овие работи може да изгледаат како научна фантастика, но експерти како Бернард Фоин, амбасадор на Европската вселенска агенција за проектот „Село на Месечината“, не само што ја сфаќаат целта како разумна, но исто така и како изводливa.

На Европскиот планетарен научен конгрес во Рига оваа недела, Фонеус сподели како човештвото може да се насели за постојано на Месечината, а потоа да го прошири своето присуство.

До 2030 година, помеѓу шест и десет научници, инженери и технички специјалисти може да се населат на Месечината, а до 2040 година бројот ќе порасне на 100, предвидува францускиот научник.

„Во 2050 година може да има 1000 и тогаш можете да замислите дека вашето семејство може се приклучи“, рече тој за новинската агенција.

Според него, деца најверојатно ќе се раѓаат на месечината.

Шефот на Европската вселенска агенција (ЕСА) Јан Ворнер не исклучува Меѓународната вселенска станица да се замени со постојана колонија на Месечината – футуристичка идеја, што е на дневен ред на форумот оваа недела во главниот град на Латвија.

Вселенската станица ќе продолжи да работи до 2024 година

Ворнер предлага изградба на село на Месечината како следната фаза во вселенската соработка меѓу САД, Русија и Европа.

Експертите велат дека политичарите се уште не се подготвени да преземат вакви иницијативи за разлика од научниците и бизнисите. Врската што недостасува е дека треба да се покажете дека може да се спроведе индустриска активност на Месечината и да се појават големи пазари.

Потенцијалните ресурси на Месечината вклучуваат базалт и вулканска карпа што можат да бидат користени како суровина за 3D печатени сателити, лоцирани на Месечината.

Исто така на природниот сателит на Земјата има Хелиум-3, редок изотоп на нашата планета, но го има во изобилство на Месечината, што теоретски може да се искористи за производство на почиста и побезбедна нуклеарна енергија на Земјата.

Сепак, главната цел е водата, која се наоѓа на половите на Месечината. Експертите велат дека иднината лежи во соработка меѓу националните вселенските агенции и приватниот сектор, кои можат да имаат корист од продажба на ресурси од Месечината.

Држави веќе испратија роботи за истражување на површината додека во исто време светот се експериментира со луѓето, кои живеат во слични услови како на Месечината.

Извор: Стандард.мк