Од Amazon соопштија дека новиот таблет Fire HD 10 ќе располага со 10,1-инчен екран со резолуција од 1080p, со што ќе стане првиот таблет на Amazon со екран од таков „калибар“ уште од Fire HDX кој што беше претставен во 2013 година.

Продажбата на Fire HD 10 започнува на 11 октомври, а цената на основниот модел ќе изнесува 150 долари. Тоа што посебно ги радува фановите на Амазон е тоа што таблетот ќе располага со процесор со четири јадра и ќе биде побрз за 30 проценти во однос на неговиот претходник.

Просечното траење на батеријата е подобрено од осум на десет часа, а двата звучници имаат Dolby Atmos поддршка.

Исто така, новиот Fire HD 10 добива 32 GB интерна меморија за основниот модел, додека основната верзија на претходниот модел имаше 16 GB. Меморијата исто така е можно да биде проширена со microSD картичка до 256 GB. Покрај верзијата со 32 GB, во понудата има и верзија со 64 GB интерна меморија.