Познатата апликација Google Earth воведе нова опција наречена „This is home“ (Ова е дома), со помош на која корисниците ќе може да прават виртуелни посети односно разгледувања на туѓи домови.

Пред веднаш да почнете да ја барате куќата на вашата симпатија, „непријателите“ од работа или некоја на оние кои се фалат дека имаат секакви чуда во својот дом, знајте дека сепак нема да можете да влезете во сечија куќа.

Всушност, можете да изберете околу триесетина куќи кои треба да ви дадат претстава за тоа како живеат луѓето во различни земји.

Засега може да се посетат домови на две африкански семејства, да разгледате како изгледа дом во Гренланд и во Грција, а достапни се и „тури“ низ домови во Непал и Индија. Исто така ќе дознаете и некои основни информации за луѓето што живеат во тие домови.