Од петокот веќе започнаа предпорачките за новите iPhone 8 и iPhone 8 Plus уреди, но најголемо внимание и понатаму привлекува револуционерниот iPhone X.

„Десетката” e секако иднината на Apple ако зборуваме за паметните телефони, понесувајќи смел дизајн и нови технологии, но некои аналитичари сметаат дека токму овој модел ќе и пресуди на комплетната линија на производи на компанијата од Купертино.

Аналитичарите на компанијата UBS Стив Милутиновиќ и Бенџамин Вилсон, тврдат дека препознале фактор којшто многу веројатно ќе ги убие iPhone телефоните, како и паметните телефони воопшто, а тоа е токму Face ID технологијата.

– Историјата укажува дека само неколку продавачи на хардвер успеале да се задржат на врвот после доволно силен удар од долу, пишуваат аналитичарите. Меѓутоа, сметаме дека Apple сепак може да стане лидер во развојот на амбиенталната интелигенција и на тој начин да и се спротивстави на конкуренцијата.

“Амбиенталната парадигма”, за којашто ни говорат Милутиновиќ и Вилсон претставува иднина во којашто компјутерските уреди претставуваат се што не опкружува околу нас и се користат единствено само биометриски технологии како што е Face ID како би се разликувале луѓето.

Во таквото опкружување лозинките и геџетите ќе станат одвишок, бидејќи самото опкружување ќе претставува интелигентен систем, односно компјутер со којшто ќе се поврзуваме преку слушалки, часовници или други слични носиви уреди.

– Apple има филозофија за автоканибализам и препознавање на личние технолошки трендови. Делува дека тие веќе ги поставиле темелите на следната ера кај своите преодни производи како што се Apple Watch и AirPods, но и сервисите коишто обезбедуваат повеќестрани платформи. Очекуваме уште нови категории на уреди, велат во заклучокот овие аналитичари.

Извор: B92