Сеавус Инкубатор го најави повикот за втората пред-акцелераторска програма за ИТ стартапи и претприемачи. Разговаравме со Игор Изотов, менаџер за заедница во инкубаторот, кој ни ги кажа можностите и предностите на оваа програма, која има за цел да обезбеди знаење и бизнис-вештини на претприемачите и да ги подготви стартапите за лансирање производ или инвестиција.