Во твитот кој го напишал на 16 август, претседателот на Соединетите Американски Држави изнесе тврдење во кое вели дека „Amazon им прави голема штета на претприемачите кои плаќаат данок”, што доведува до намалување на бројот на работни места во земјата.

И пред било кој да стане свесен за тежината на оваа изјава, овој твит го чинеше Amazon цели шест милијарди долари.

Во продолжение, Трамп изјавил дека “многу помали и поголеми градови и цели држави ширум Америка трпат поради она кое Амазон го прави”. Токму тоа била причината за наглото опаѓање на вредностите на акциите на оваа компанија, доведувајќи до тоа Амазон да изгуби околу шест милијарди долари за многу кратко време.

Овој потег нема да го доведе во прашање опстанокот на Амазон, со тоа што вкупната вредност на компанијата се проценува на 460 милијарди долари, но секако упатува кон намерата претседателот на Америка да се “пресмета” со гигантот. Тој имено, веќе претходно повика да се донесат додатни регулативи со кои би се органичила моќта на оваа компанија.

Амазон за првпат го привлече вниманието на Трамп при крајот на 2015 година, со тоа што во сопственост на извршниот директор на компанијата е и “Washington Post”, кој негативно известувал за кампањата на Трамп.

Трамп на таквите известувања одговорил со тврдењето дека Безос го поседува овој медиум, со цел да ги намали даноците за Амазон, но на тоа немаше никакви реакции поради фактот дека се работи за две потполно одвоени компании.

Извор: PCpress.rs