Групацијата „Рено-Нисан“ најави зголемување на производството на електрични автомобили и изработка на нови 12 модели до 2022 година.

Според најавите, електричните возила ќе сочинуваат 30 отсто од вкупното производство.

Оваа автомобилска групација најави планови за производство и на автономни возила.

Најавите се дел од стратешкиот план на „Рено-Нисан“ за следните пет години, што е прв таков план откако оваа група го презеде „Мицубиши“ минатата година.

Компанијата го објави и новото лого на тричлениот сојуз.

Од менаџментот соопштија дека со петгодишниот план очекуваат заштеда од шест милијарди евра.