Facebook не се прослави со својата верзија на Stories па на потешкиот начин научи дека ова е опција која сепак подобро проаѓа на Instagram.

Воведена е можноста објавата на Instagram Stories да може да се објави и на Facebook, а опцијата ќе се одбира пред да ја објавите на Instagram. Имено, ова ќе функцинира на истиот концепт како што и до сега корисниците можеа своите објави на Instagram да ги објавуваат и на нивниот Facebook профил.

Facebook не е примарно место за споделување на фотографии и дневни активности како што е Instagram каде пак ваквиот вид на објави е сосема природен и пожелен. Не значи дека Facebook со овој потег ќе ја спаси целата ситуација бидејќи луѓето кои не ги користат Facebook Stories тешко дека ќе сакаат тоа да го прават со помош на Instagram.

Facebook со ваквите потези продолжува да се обидува да го надмине својот ривал Snapchat бидејќи откако ги воведе Instagram Stories, растот на Snapchat се намали за 82%, со скоро 100 милиони повеќе корисници дневно.