SSD дисковите заземаат сè поголем дел од пазарот, благодарение на големата брзина и цената која е во константен пад.

Многумина низ годините го прогнозираа исчезнувањето на класичните хард дискови, но новите технологии би можеле да ги одржат живи уште некое време. Една од нив е врзана за користење на стаклени основи за плочите на HDD дисковите.

Произведувачот Hoya експериментира токму со стаклото како материјал за плочите, кои инаку се произведуваат од алуминиум. Hoya верува дека ваквите дискови ќе имаат голем простор за складирање (20TB), но и значајно зголемување на брзината.

Алуминиумските подлоги на плочите кои се вртат со голема брзина се модернизирани во повеќе наврати, но сепак тоа не е доволно.

Стаклените подлоги можат да содржат сличен капацитет како алуминиумските, меѓутоа стаклените се многу потенки што значи дека зафаќаат многу помал простор. Hoya успешно креирала основи со дебелина од 0,381 милиметар, што значи дека се дупло потенки од веќе постоечките решенија.

Уште една од големите предности на хард дисковите кои ќе користат стаклена основа е отпорноста на многу високи температури, бидејќи користењето на стаклениот супстрат ја зголемува издржливоста од 200 °C на неверојатни 700°C.

Извор: B92.net