Пристигна новиот Peugeot 308

Новиот Peugeot 308 со напредна технологија се појави на скопските улици и несомнено ги привлече сите погледи. Промените во дизајнот го поставуваат логото на брендот во прегратка на решетката од напред, каде заедно со новата линија на предниот браник и хаубата се преточени во совршенство со остри линии адекватно на вкусот на софистицираниот клиент. Додека пак панорамскиот фиксен стаклен покрив и уникатниот светлосен потпис, кај новиот 308 умешно ја совладуваат тишината во просторот.

Peugeot 308 отсекогаш бил еден од најпродаваните модели на брендот, што по извршените модификации на дизајнот, технолошки напредните системи и ултраефикасните мотори се предвидува дека така и ќе остане во иднина. Дополнително овој модел е опремен со напредни системи за „помош при возење“, уште поголемо ниво на безбедност и уживање, за што подобро искуство во возењето.

Во внатрешноста, PEUGEOT i-Cockpit® му овозможува на возачот целосна контрола со 9,7″ капацитивен екран на допир со поврзување, со 3D навигација и функционалниот Mirror Screen®.

За долги патувања, Peugeot 308 e модерен асистент со најсовремени технологии меѓу кои: детектор за замор, препознавање на знаци за брзина и препораки, автоматски кратки / долги светла, адаптивен темпомат и систем за предупредување за напуштање на лента. Кога станува збор за моторите новиот 308 доаѓа со три 3 цилиндрични PureTech верзии на мотор кои се уште поефикасни благодарение на заштедите во однос на нивната големина и тежина.

Исто така новата генерација на PureTech 130 S&S бензински мотор со директно вбризгување и нов мануелен менувач со 6 степени на пренос ќе биде достапен кај новиот 308. Оваа нова верзија на мануелен менувач обезбедува поголеми перформанси во смисла на потрошувачка и задоволство при возењето. Новиот 308 ќе може да се поседува и со високо ефикасниот нов BlueHDi 130 S&S мотор кој воведува нов, компактен систем за контрола на емисиите. Емисиите се третираат уште при 2 изворот но и кај издувот, обезбедувајќи помала потрошувачка на гориво за време на возењето и поефикасна контрола на емисијата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 + three =