Знаеме кога доаѓа новиот Google Pixel, еве што донесува

Според Google, не чекаат подобри фотографии, повеќе простор и уште многу работи

Новата генерација на Pixel смартфонот тргнува во продажба на 4. октомври, што е неколку дена пред датумот за кој зборуваа интернет шпекулантите. Кралот на протекувањата се уште не ги откри деталите за уредот, што не го спречи храбро да ги најави неговите предности. Се зборува за поодбра батерија, повеќе простор и подобра камера од конкуренцијата. Дури се оди и толку далеку, што се предвидува дека новиот Pixel ќе може да ве „разбира“.

Google сето ова го најави во кратко таинствено видео во кое непознат корисник во пребарувачот впишува „Што не чини со батеријата на мојот телефон?, „Зошто на мојот смартфон секогаш му снемува простор?“, „Зошто мојот телефон снима само заматени фотографии?“ и така натаму. Замислениот пребарувач исто така пишува дека неговиот сегашен телефон е бавен, загреан, кршлив, крут и… глупав“. Google, јасно, на сите тие проблеми планира да им стави крај.

Според досегашните извештаи на Android Police, Evan Blass, па дури и HTC, телефонот под хаубата ќе го има новиот Snapdragon 836 или 835 процесор, контрола на притискање, 1440p екран, 4 GB RAM и 128 GB простор за складирање.

HTC наводно ќе направи помал Pixel додека LG ќе направи XL варијанта од 6 инчи, која секако, ќе има AMOLED екран. Судејќи според фотографиите, ако сето ова се обистини, поскапата верзија не може да се пофали со најдобар дизајн било кога. Како што пред една година направи Apple, новите Pixel модели нема да имаат приклучок за слушалки.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × five =