Компанијата Tau on – line која управува со хрватскиот портал за вработување MojPosao влегува со 30% удел во сопственичката структура на компанијата Вработување онлајн која стои позади порталот Vrabotuvanje.com во Македонија.

Очекуваните приходи од македонскиот портал за оваа година изнесуваат речиси 200 000 евра, додека пак и двата портала не објавуваат колку вреди договорот кој го склучиле.

 „MojPosao веќе некое време успешно ги пласира своите проекти и услуги на странски пазари, а во македонскиот партнер препознавме можност за проширување на нашето работење. Со оглед на значајното искуство во огласување на работни позиции и развој на регрутациски услуги, со заеднични сили продолжуваме да го зголемуваме квалитетот на услугите кон клиентите и корисниците, како во Македонија, така и во Хрватска.“, изјави претседателот на управата на компанијата Tau on – line, Игор Жонја.

Инаку, Tau on – line е една од најбрзорастечките компании во Хрватска и е дел од Alma Career групацијата од Финска.

Извор: Иновативност.мк